Press "Enter" to skip to content

Празници се ближат… и оргинален новогодишен амбиент за кафе-шема во “Lounge bar GT“ (фотогалерија)

Во кафе слаткарница “ГТ“ оваа година мирисот и вкусот на кафето и слатките задоволства имаат посебен шмек надополнет со оригинално декориран новогодишен амбиент.Предпразнични, празнични и послепразнични денови кога новогодишната и божикна еуфорија е насекаде околу нас, секако дека кафето ќе биде причина, повод  за дружање, муабет, а и разбивање на мамурлук после забави и седенки до доцна. Со новогодишни украси и декорации се украсени и сите слатки задоволства во оваа слаткарница, а тоа се голем број со различни вкусови  слатки, десерти и торти.Тортите кои ги има и во најмали димензии се украсени со  новогодишни или божиќни декорации. Тие секако ќе бидат прекрасен подарок за секоја прилика слава или прослава.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »