Press "Enter" to skip to content

Новогодишна приредба на учениците од центарот за странски јазици “Britanica english school“ (фотогалерија)

-Пред многу, многу години во едно далечно кралство си живееја… Всушност не! Во нашата приказна дејството не се одвива во кралство, нема ни кралеви, ни принцези. Дејството се одвива во училиштето, а главни ликови се нашите ученици.Водителите вака ја најавија  Новогодишната театраска претстава, четврта по ред, во изведба на ученици од Едукативниот центар за странски јазици “Britanica english school“ во НУ Завод и музеј. На настанот голем број родители, баби,дедовци, кои беа дојдени  да ги проследат  настапите на своите деца кои ги посетуваат курсевите за странски јазици во овој едукативен центар.Меѓу нив и настаниците кои ги предаваат курсевите,  а на почетокот на присутните им се обрати, Елена Ивановска, сопственичката на центарот за странски јазици Британика со зборовите:-Приказната која вечерва ќе ви ја раскажаме се случува непосредно пред почетокот на Новата година. Ние ги замоливме, но и поттикнавме нашите ученици да направат претстава во која ќе ги покажат своите способности за глума, но и нивното знаење на странскиот јазик кој го изучуваат: англиски, француски и германски и со тоа  го изнененадат Дедо Мраз и Новата година, кои ни доаѓаат.После најавата на приредбата се претствауваа учениците од сите возрасни групи кои ги посетуваат различните курсеви со рецитации и песнички. Звуците на новогодишните и божиќните песни на англиски, француски и германски ги развеселија сите присутни на приредбата.Но, водителите најавија „Зарем мислевте дека учиме само да пееме? Не, ние учиме и граматика и математика, а учиме и да се изразуваме, да рецитираме и да глумиме во драматизации. Тоа и го докажаа во Новогодишната театарска претстава.  Наставниците задоволни од своите ученици кои ги покажаа своите способности за глума и познавање на странскиот јазик кој го изучучуваат.Директорката “Britanica english school“, Елена Ивановска, возбудено изјави:-Ние сите сме како едно големо семејство во овој центар наставници, ученици и родители кои вечерва се во голем број. Со оваа приредба сакавме да направиме едно заоктружување на претходната година, што сме направиле, научиле… Во Новата 2020 не чекаат нови предизвици и понатамошно учење и усовршување на знаењета.На крај сите присутни на синоќешната приредба беа воодушевени од учениците кои учествуваа и го посетуваат Центарот за странски јазици Британика, каде предаваат професорките: Мирјана Поповска – математика, Катерина Ковачевска – германски јазик, Ана Шапковска – француски јазик и Ирена Митревска. Во приредбата учествуваа 120 ученици од вкупно 150 колку што го посетуваат “Britanica english school“.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »