7 инструктори, 200 танчери на сцена и 1.000 битолчани во публика е билансот на годишниот концерт, по повод 6. роденден на танцовиот спортски клуб “Еxpose“ кој се одржа во големата сала на Центарот за култура.
Синоќа битолчани имаа ретка прилика да гледаат танцов спектакл на танцовиот спортски клуб “Еxpose“ со кој одбележаа шест години постоење, работа и успех.
Публиката која ја преполни големата сала на Центарот за култура уживаше во звуците на најголемите музички хитови преку ритамот и танцот кој го изведоа танчери на танцовиот спортски клуб “Еxpose“.
Приказната на Аладин, Аватар, Кралот Лав со задоволство присутните ќе ја прераскажуваат.
-Ова беше наш роденденски концерт, а толку емоции имаше што се уште јас не можам да направам ретроспектива, а се надевам и присутните и учесниците. Што се однесува до самиот концерт ќе кажам само благодарам на седумтемина инструктори и на 200 танчери од 3 до 45 години кои ова го осмислија, го тренираа и ги изведоа на сцената, ни рече видно возбуден по концертот, Бобан Катаровски, од танцовиот спортски клуб “Еxpose“, кој само додаде:
-Некој по завршување на концертот ми рече дека сме го донеле Бродвеј во Битола што посебно ме израдува, бидејќи тоа е знак дека битолчани ја оценија позитивно нашата работа и трудот кој го вложивме во организацијата на овој концерт.
Членовите на танцовиот спортски клуб “Еxpose“ со овој концерт докажаа дека се на врвот на танцовите клубови и дека големиот број на награди кои ги освоија оваа година која изминува се заслужени, а за догодина ветуваат повеќе.

“Еxpose“ со роденденскиот концерт го донесе Бродвеј во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





