-Како и првата година и оваа втора пред Нова Година организиран беше ревијален натпревар со гости од јавниот живот на градот, меѓу кои и Bitolanews, а посебна благодарница доби “СН финансии“.
-Пред ревијалниот натпреавар од Скопје пристигна пријатно изненадување Игор Џамбазов и Пере Нокаут кој ги поздравија нашите куглари на свој и уникатен начин.
На самиот почеток од страна на модераторот на настанот, Марта Ѓоргиевска, беше презентиран концептот и уникатноста на идејата која овозможи преку 600 ученици од основните училишта апсолутно бесплатно да учестуваат, куглаат, забавуваат и дружат.
На почетокот јавна благодарност беше укажана од страна на Пецо Димовски како претседател на кугларскиот клуб Пелистер 1982, за реализиран спортски ваучер на компанијата “СН – Финансии“ и за двогодишната поддршка за кугларските активности, а плакета лично ја подигна директорот Никола Јошевски.
Исто така пред присутните се обрати и еден од спонзорите „Кромберт и Шуберт“ претставувана од Горан Шкориќ кој изрази задоволство од она што го гледа посакувајќи многу успеси на сите млади куглари и кугларки со надеж за идни заеднички активности.
Со оглед на ревијалноста и немањето на победници и поразени сите учесници беа наградени со поклончиња од страна на трите компании: Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Р.Державин“, СН Финансии и Кромберт и Шуберт, а Игор Михајловски како претставник на Славјанскиот универзитет воедно и како основач на КУГЛАМЕ И СМЕ СРЕЌНИ, се обрати до присутните:
-Им благодарам на родителите за довербата и на учениците за вредната работа, на Општина Битола и на сите спонзори и добронамерни пријатели кои помогнаа “Кугламе и сме среќни“ да биде реализирано. Секако сакам да се заблагодарам на моите тројца најблиски соработници Цане Поповски, Тоде Ристевски и Пецо Димовски. Воедно сакам да искажам надеж дека во Битола ќе има трет дел од овој проект, а истиот ќе го видиме и во други градови и во Македонија и надвор од неа.
Натпреварот беше составен од 12 екипи од по 4 куглари/ки и во секоја екипа по еден гостин, дел од спонзорите, дел од граѓанските организации.
–Во првиот блок во првата екипа гостин ни беше Елизабета Ристевска од “Кромберт и Шуберт“, Андреј Романски од “СН Финансии“, Мартин Савевски од Славјанскиот универзитет и Сашо Ристевски од “Bitolanews“ порталот. Во вториот гости ни беа активистите Фатма Бајрамовска – “Сумнал“, професорката Марија Магдалена Петковска, Горан Упале – gol.mk порталот и Емилија Переска, капитен на женскиот кугларски клуб “Пелистер Т&С Холдинг“ – Битола, рече Михајловски за ревијалниот натпревар.
Гледано севкупно, во 2018 година куглаа околу 450 ученици, во 2019 година околу 600 ученици, или во две години повеќе од 1.000 ученици се запознаа со куглањето, бројка за град како Битола е од енормно голем формат, но многу битно за да може да се направи квалитетна селекција.
Од минатата година излезе целосна енска екипа која одлично напредува и подмладување на машката кугларска екипа. Што ќе излезе од оваа година ќе видиме, но задоволството е големо што токму вака позитивен настан со спортско-рекреативна активност ни се случува во нашата Битола. Ние КУГЛАМЕ И СМЕ СРЕЌНИ, продолжуваме и во јануари со учениците.






