Пред десетина и повеќе години започна во Битола организирано прославување на светецот, заштитник на занаетчиите, Св. Спиродон, а мене ми е посебно драго што сум дел од битолчани кои сме дел од тоа, започна со сеќавањето за деновиве пред 10 години, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Пред 10 години комови на прославата беа сопствениците на печатницата “АНС“, односно Атанас Нашоку, со синовите, а кумството е традиционално за овој ден и се менува секоја година. Организаторит е занаетчиската комора на Битола, а прославата секогаш се одржува во ресторанот “Император“, вели Миновски, кој додава:
-Во секој случај убава традиција која секоја година ја осветува секогаш Владиката Петар, и е посна слава. Тука сите занаетчии се собираат на едно место, да си кажат како поминала годината, кој да се пофали, кој да се пожали, но како дел од сето тоа, посакувам да трае не 10, туку уште 100 години.

Деновиве пред 10 години: Св. Спиридон заштитник на занаетчиите, кумство на печатница “АНС“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





