Press "Enter" to skip to content

РК Винда со интерен турнир ја заврши 2019 година (фото)

Викендов кој измина битолскиот ракометен клуб Винда организираше турнир од интерен карактер, во спортската сала на Горната Гимназија, на кој учество зедоа сите ракометарки кои работат во клубот.Викторија Мурговска, тренер и организатор на турнирот рече:-Моментално, клубот брои над 60 девојки. одигравме 6 натпревари за два дена, сабота и недела, прогласивме најдобар тим и индивидуалци. Имавме прекрасна дружба, се греевме со чај и на добар начин ја завршивме 2019, со желби за поуспешна нова 2020 година.

More from СпортMore posts in Спорт »