Битолските навивачи на англискиот фудбалскиот клуб Луверпул, кои имаат свој фан клуб, ја покажаа својата хуманост и се приклучија на армијата битолчани кои успеаја барем на некој начин да им ги разубават новогодишните и Божикните празници на штитениците во разни институции.
Битолските навивачи, членови на битолскиот фан клуб на Ливерпул, деновиве се самоорганизираа, собраа пари, купија она што е најпотребно за малите деца, а таа скромна донација ја подарија на децата без родители.






