На 31.12.2019 во 21.25 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 29 годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “разбојништво“.
При претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени пиштол „црвена застава 99“, калибар 9 мм и една рамка со 15 куршуми за истиот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






