Училиштниот проект на ЦЕВ којшто кај нас го реализира Одбојкарската федерација на Македонија, го посети градот Битола и привлече околу 200 деца од одбојкарскиот клуб Пелистер волеј, а се одржа во салата на медицинското училиште „Доктор Јован Калаузи“ каде и тренираат.
-Атмосферата беше фантастична, децата беа многу возбудени веројатно чувствувајќи дека ова е настан со меѓународен карактер. Нивното задоволство беше огромно, а не можам да опишам каква е детската врева кога има толкав број учесници. Убеден сум дека за овој обојкарски час ќе слушнат и тие што не се вклучени во нашиот спорт и дека одбојката ќе добие уште поголема популарност, рече Роберт Митковски, кој во соработка со колегите Александар Темелковски, Александар Димовски и Владимир Трифуновски работи со повеќе од 200 деца во клубот.
https://www.facebook.com/damijana.ristevska/videos/178671513329555/
Овој одбојкарски копелкти од Битола ги спои убавото и корисното, младите одбојкарки на Пелистер волеј го почувствуваа задоволството од учеството во настан што е дел од нешто големо и ги обединува децата насекаде од континентот, а пораката за убавината на одбојкарската игра беше испратена до сите ученици во Битола и во неговата околина.
Тоа е добра основа градот под планинскиот врв Пелистер да привлече уште одбојкарски следбеници и да го продолжи патот на создавање квалитетни одбојкарки, а во клубот има околу 400 членови.






