Во градот Лерин, соседна Грција, вториот ден од Новата година е неработен ден, но сепак имаше раздвиженост, полни беа кафулината, рестораните, гиро сендичарите, а на секој чекор се забележува празничната атмосфера.
При вечерната посета на Лерин на улиците немаше многу луѓе, а најповеќе имаше движење по нивната главна улица, пешачката патека, на која сите правеа селфи со звезденото небо над нив.
Но, како и секаде кафулината полни со млади кои уживаа во гласна музика, а на заминување, како ни рекоа група млади луѓе, ова за нив, поради тоа што Божик и сите останати празници ги слават порано, е последниот неработен ден и сакаат да го искористат што е можно повесело.

Ноќна новогодишна разгледница од Лерин, Грција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“





