Како и беше најавено СВР Битола беше на списокот на новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев, во 15 општини каде се променија началниците на секторите за внатрешни работи.
Од попладнево за нов началник во Секторот за внатрешни работи во Битола е именуван Андреј Василевски.
Василевски е вработен во СВР Битола, а доаѓа на местото на досегашниот Славко Јовановски. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.






