Александар Борха Кордоба е новото засилување за фудбалскиот клуб Пелистер, пред стартот на подготовките за пролетниот дел на оваа фудбалска сезона.
Борха е дефанзивец, но може да игра на повеќе позиции во тимот, има 21 година, а Колумбиецот под Тумбе Кафе доаѓа од редовите на Работнички, а претходно играл и за Македонија Ѓорче Петров.
Претходно Благоја Спиркоски од Македонија Ѓорче Петров потпиша за Пелистер, со што лидерот на табелата во Втората фудбалска лига – запад ги потврди амбициите за влез во Првата фудбалска лига.
Се очекуваат и неколку други засилувања во Пелистер во овој преоден период.






