Кугларите на Пелистер деновиве се на зимски подготовки за пролетниот дел од сезоната, а подготовките се одвиваат во Босна и Херцеговина, во Приедор и Бања Лука.
Игор Михајловски претседател на КК Пелистер за подготовките вели:
-Одлучивме дел од подготовките да ги одржиме во Босна и Херцеговина, а според тоа како работевме и што се трениравме не погрешивме. Битолските куглари имаа прилика да тренираат на најновата куглана на Балканот во градот Приједор. Ова за нас е важно бидејќи тие делеа случна судбина со битолските куглари и неколку години патуваа во најблиската куглана на 90 километри во еден правец. Но, сега ја добија од Општината и ја имаат една од најубавите куглани на Балканот, како објект и како функционална куглана, и додава:
-Поради овие услови тука се одржа најсилниот и најмасовниот турнир на Балканот, со учество на повеќе од 300 куглари од 5 земји. Ние настапивме во компетен состав и сум задоволен од постигнатите резултати, меѓу кои има и лични рекорди. Инаку, најдобрите 6 резултати се цифра од 3.385 што е досега најголемо остварување на клубот, иако не сме тука во комплетен состав.
На “Приједор опен“, битолските куглари ги постигнаа следните резултати: Пецо Димовски 593, Цане Поповски 585, Цане Колев 569, Тоде Ристевски 560, Игор Михајловски 556, Александар Младеновски 521 и Архан Арслановски 516 соборени дрвца.
Во Бања Лука, клубот ги продолжи припремите играјќи во спортскиот центар Борик. Беа постигнати следните резултати: Игор Михајловски 557, Пецо Димовдки 553, Цане Колев 549, Александар Младеновски 539, Тоде Ристевски 524 и Архан Арслановски 467 соборени дрвца.
Кугларите во рамките на подготовките одиграа и пријателски натпревар со екипата на Рудар, кој беше домаќин, и го добија со 7:1.
-Единствениот поен го загуби Александар Младеновски, но тој пораз е за нас најголемата победа, го направи својот личен рекорд од 547 кегли играјќи феноменално, наметнувајќи се со својата младост како голема надеж на Битола, вели Игор Михајловски во извештајот од Босна и Херцеговина.
С.Р.






