-Кога ќе се спомене градската кафеана на хотелот “Епинал“ секогаш потсетува на традиција, на битолски боеми, љубители на добра храна, вино… но јас би сакал да ја споменам во оваа прилика и школата за угостители, започна со своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-На фотографиите, снимени пред 10 години, се гладаат “старите“искусни, угостители Горан, Стребре, Јани, а со нив се и тогаш младите, Горан, Борче… “Старата школа“ Стребре и Јани се и денес во “Епинал“. Шеф Горан е во “Милениум“, а младите се водечки во својата струка Горан во “Белведере“. Тоа беше одличен потег на сопственикот Ристо Пеев, кој внесе нов стил во градската кафеана во секој поглед, уредување, во внатрешен дизајн, угостителски услуги по најмодерни текови. Тука би кажал и нагласил секако ја подмлади екипата, вели Миновски.
-На овие фотографии се наоѓа и Александар Видоевски, млад кувар, на свои 18 години кога ја започнуваше својата кариера, младич што би се рекло, пред 10 години, сега шеф на кујна во хотелот “Епинал“ и градската кафеана. Кувар кој го откри и донесе во “Епинал“, Ристо Пеев, кој според тоа како напредува до сега, не погреши. Се разбира нема кој битолчанец и намерник не го почуствувам одличниот вкус на храната која ја подготвува и декорира на сопствен оргинален начин заедно со својот тим во кујната на градската кафеана на хотел „Епинал“.
-Ова денес го раскажувам, бидејќи како ретко до сега кафеаните во овој период се популарни кај битолчани, а деновите нема празно место, а се резервира многу порано. Јас ваква кафеанска еуфорија не паметам во Битола, вели Димче Миновски, кој додава дека треба да се почитуваат оние кои ни ја прават убавата храна, услуга, амосфера за да се чувсвуваме убаво во посебни прилики.

Деновиве пред 10 години: градската кафеана “Епинал“ – традиција и школа за угостители (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





