На 11.01.2020 во Полициската станица Битола, 23 годишен од Битола пријавил дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и неговите браќа и двајцата на возраст од 38 година. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот 10/11/12 јануари 2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека седум возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, осум возила биле нерегистрирани, 12 возачи не поседувале возачка дозвола, пет возачи не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.






