Press "Enter" to skip to content

И велосипедистите на Пелистер 15 Мај стартуваа со подготовките (фото)

Од 15 јануари се мобилизирани велосипедистите на Пелистер 15 Мај, кои ги започнаа подготовките за оваа сезона, а за тоа зошто толку рано тренерот Афрум Јусуфи вели:

-Првата годинашна трка е закажана за идниот месец, февруар, а ќе се вози во Битола, државното првенство во вело крос, па затоа по змиската пауза рано тргнуваме со подготовките, кои ќе се одвиваат во неколку фази. Довербата за првата трка ни е дадена нам да бидеме организатори, со оглед дека добро се покажавме во организацијата на ланските трки и големото доделување на наградите, а за тоа кој се ќе биде вклучен во подготовките додава:-Активни во подготовките имаме вклупно 20 велисипедисти во сите категории У13, У15, кадети, јуниори, сениори, како жени, а сите тие ќе се натпреваруваат во сите дисциплини и сите трки. Имаме деновиве проблеми со времето, па така најголем дел од подготовките ги вршиме на затворено со возење на “валјак“, а дел одиме на повисоко или покрај Преспанското езеро кога е потопло или кога е сончево околу Преспа. Ова се само првите базични подготовки за првата трка, а по затоплувањето на времето ќе имаме и втори подготовки, некаде во март. Дали ќе одиме во Турција или некаде поблиску Грција или Бугарија, ќе се договориме заедно со велосипедскиот клуб од Велес. Секако дека ќе настапиме и на меѓународни трки во околните држави и подалеку, но го очекуваме каленадарот на другите земји, па потоа ќе одлучиме каде е и со кои велосипедисти ќе возиме.За плановите и амбициите во оваа година Јусуфи вели:

-Годинава повторно акцент во работењето ќе ставима на младите категории  кој во 2019 беа на прво место на генерален пласман во категории у13 и у15, а секако тука се ќенскиот дел на клубот од кој очекувам повеќе први места и медали. “Мастерсите“ се стандардни, а со оглед како се однесуваат кон трките сигурно ќе го подобриме ланскиот просек.

Минатата година Пелистер 15 Мај како рековте беше одличен организатор на натреварите во Битола, како е календарот за оваа година и колку трки ќе има кај нас.-Годинава повторно ке го организираме државното ридско првенство во месец мај, а исто ќе организираме и “критериум“ кој ќе се вози по битолските улици и истиот ќе биде од меѓународен карактер. Во план сме и со договор со средните училишта и Сојузот на училишен спорт од Битола да организираме и неколку неколку трки, како и некои други активности за популаризација на велисипедизмот и спортот и здравиот живот, но за тоа во друга прилика. 

Инаку, просториите на велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај се наоѓаат во ракометното игралиште во Битола, а таму секој ден битолчани кои сакаат да се занимаат со овој спорт се добредојдени.-Клубот е отворен скоро секој ден, таму редовно има некој кој тренира на “валјак“ или го средува својот велосипед. Сакам да ги повикам битолчани да дојдат во клубот, не мора да тренират и да бидат членови, туку едноставно да извозат една рута со нас било околу Битола, било во Преспа, да видат како е, да се запознаат со овој спорт. Оние пак кои сакаат да возат рекреативно нека ги донесат своите велосипеди, ќе им ги средиме, а оние кои сакаат да почнат со овој спорт ќе им кажеме кој велосипед е најдобар за нив, ќе направиме мерења за која големина на велосипед да набават, кои карактеристики и со каква опрема, вели тренерот на Пелистер 15 Мај, Африм Јусуфи.

С.Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »