Press "Enter" to skip to content

Шест битолчани згрижи Црвениот крст во пунктот за бездомници (фото)

И оваа година за време на зимата општинската организација на Црвен крст од Битола згрижи наши сограѓани кои останале поради разни причини без свој дом.  Моментално во пунктот за згрижување има вкупно шест лица, најмалото е бебе на возраст само 8 месеци.Мајка и татко на 19 години и бебе кои останале без покрив на главата пред скоро четири месеци, како и 48 битолчанец се дел од привремените станари во пунктот наместо да мрзнат студеното време и густата магла.  -За овие шест лица кои се згрижени во пунктот битолскиот Црвен крст има обезбедено покрив на главата во специјално уредените контејнери, тоалет, греење, вода и во соработка со приватни пекари, имаат и еден оброк. Заедно со лицата кои се тука се е снаоѓаме некако, заедно функционираме, вели Борче Пашовски, секретар на Црвен крст Битола, кој потенцира дека досега немаат одбиено ниеден, а само лицата со криминално досие не може да биде сместено во овој пункт.За да бидат лицата згрижени треба да се пријават преку Центарот за социјална работа во Битола, а потоа во заедничка соработка со полицијата, се прават потребните проверки и се  сместуваат во овој специјално уреден пункт.