ФМП Академија – Пелистер 58:68 (18:20, 13:18, 11:16, 16:14)
Спортска сала “Независна Македонија“, гледачи: 200
Судии: Митровски, Цветановски и Крстевски
ФМП Академија: Харис 22, Нацевски 11, Лонг 4, Стојановски 10, Блантон 2, Србиновски, Делипетров 2, Стојановски, Јовановски 3, Анастасовски, Шалев.
Пелистер: Думиќ 6, Враниќ 5, Пенов 13, Мекиќ 15, Казарновски 13, Цветковски 7, Обедниковски, Анастасовски, Гулевски, Голубовиќ, Лазаревски, Зекири 9.
Кошаркарите на Пелистер со победа го започнаа пролетниот дел од оваа сезона во 12. коло од македонската кошаркарска Прва лигаи ги прокнижија првите бодови од гостувањето во Скопје, против екипата на домаќинот ФМП Академија, а ова е шеста победа.
Пелистерци по малиот минус на стартот во првата четвртина на натпреварот имаа водство најголем дел, но на крајот во последната минута домаќините постигнаа неколку коша со кои имаа предност од +2 (20:18).
На стартот на втората четвртина “пелистерци“ за презедоа иницијативата и со серија успешни реализации во нападот дојдоа до +9 (18:27). До крајот на втората четвртина ја одржуваа разликата за на одмор да отидат со +7 (31:38).
Третата четвртина повторно во знак на Пелистер, а на моменти разликата беше и +15 кошеви, за во последната четвртина да се влезе со резултат 42:54.
Последната четврина беше само формалност, а разликата остана двоцифрена за финални 58:68.
Најефикасен кај Пелистер Мекиќ со 15 поени, Пенов и Казарновски имаа по 13 поени.






