Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Ристо Паргов (1942-2020)

На 78 годишна возраст во Битола, почина Ристо Паргов, човекот со големо македонско срце, идеолог на ВМРО, основоположник на здружението “Тодор Александров“ во Брисел, голем активист во дијаспората, финансиер и иницијатор за отворање на првите македонски цркви во Европа, основач на спортски клубови, кој целиот живот му го посвети на македонската кауза.

Ристо Паргов е роден во мариовско Полчиште, потоа како мало дете преселен во Битола, во Јени Маале. Емиграл во Белгија, каде во 1957 година  е основоположник на здружението “Тодор Александров“, член на МПО давајќи голем придонес во организација на здруженијата на Македонците насекаде во светот. Бил и претседател на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно има дадено голем придонес и активно учествува во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите години.

Ристо Паргов имал средби со низа странски и македонски политичари за реализација на идејата самостојна македонска држава, а беше и голем хуманитарец, тајно помагајќи голем број на лица тука и во странство.

Последните десетина години како пензионер живееше во Битола.

Опелото и погребот ќе биде утре во Светонеделските гробиша во Битола.