Press "Enter" to skip to content

Сојузот на спортови го распиша конкурсот за најдобри спортисти за 2019 година

Врз основа на одлуката на Извршниот одбор на Сојузот на спортови на Битола, традиционално и оваа година ќе бидат прогласени најдобрите спортисти на Битола, за 2019 година и тоа:

-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција.

-10 најдобри спортисти во младинска конкуренција

-3 најуспешни екипи во сениорска конкуренција

-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција

-најуспешен спортист по предлог на ССРИ-Битола

-двајца професори по физичко образование по предлог на Сојузот за училиштен спорт

-посебни признанија за ветерани и клубовим и други спортски работници.

Рангирањето (врз основа на на предлозите на членките на Сојузот) ќе се врши согласно со критериумите утврдени од страна на ИО на Сојузот.

Предлозите (со посебни прилози, дипломи, билтени и сл.) да се достават најдоцна до 31 јануари 2020 година, во просториите на Сојузот, на ул. “Булевар“ б.б., (зграда на поранешниот извршен совет), или на портирница.

Во предлогот за се наведе лица за контакт и телефон за контакт.

За денот и местото на прогласување ќе бидете дополнително известени.

За подетални информации на телефон: 071/741-592 или 070/207-655.

Сојуз на спортови на Битола

More from СпортMore posts in Спорт »