Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ректорот проф.д-р Сашо Коруновски и директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Виктор Димовски, потпишаа Меморандум за соработка. Овој чин претставува потврда на заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри.
Документот предвидува соработка за размнена на искуства и знаења, но и едукација во повеќе области од заеднички интерес како што се : практична настава за студентите, обуки, научноистражувачка и апликативна дејност, соработка при изработка на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, експертска помош, користење на библиотечен фонд, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани. Меморандумот предвидува и соработка во областа на стипендирањето и доделувањето школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот, за потребите на Агенцијата.
За време на посетата на Ректоратот од страна на директорот на агенцијата и неговите соработници, во разговорот со ректорот Коруновски беше истакнато дека има широко поле за соработка во коешто за специфични активности што ќе следат и ќе бидат инцирани од двете институции потписнички, може да се склучуваат дополнителни протоколи за соработка.
Со овој Меморандум УКЛО уште еднаш ја потврдува својата заложба за отворање кон надворешното опкружување односно кон националните и локалните институци и установи.

Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и Агенцијата за национална безбедност (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





