Press "Enter" to skip to content

По две продолженија Работнички го победи Пелистер (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 110:115 (26:27, 28:17, 13:19, 27:21, 16:21)

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи: 700

Судии: Павлов, Феревски, Лазов.Пелистер: Думуќ 22, Цветковски 2, Пенов 8, Мекиќ 25, Казарновски 18, Враниќ 7, Обедниковски, Атанасовски, Гулевски, Голубовиќ, Лазаревски, Зекири 28.

Работнички: Лесколт 43, С. Младеновиќ 5, М. Младеновиќ 8, Младеновски 7, Милојевиќ 23, Бошковски, Абрашев, Деолски, Николовски 14, Главчев 3, Ефремовски 12, Глигоријевиќ.Втор натпревар на кошаркарите на Пелистер кој ги губат во продожение, со Фени по едно со Работнички по две продолженија, откако Казарновски погоди две слободни фрлања во последните две секунди од регуларниот дел. Првата четврина помина во израмнета борба како на паркетот така и резултатски, иако на минута пред крајот гостите имаа 5 кошеви предност, а на по 10 минути беше 26:27.Втората четвртина беше во знак на Пелистер, а во средината на започна да се зголемува за на крај да биде +10 за “пелистерци“, 54:44, а се истакнаа Мекиќ и Зекири.Третата четвртина зачочна со добра игра на гостите, а по седум минути игра разликата беше само 1 поен за Пелистер, 64:63. Потоа Работнички продолќи со водство 64:65, за на крај да биде -6 (67:73).Во последната четврина само по повече од една минута беше -9 (69:78), а по 5 минути игра Пелистер поведе со +1 (79:78). Потоа следуваше израмнување 81:81, а на 3 минути пред крајот и +4 (85:81). На само 29 секунди Работнички израмни на 94:94, а до крајот Пелистер не погоди за победа и се отиде на продолжение.Во првото продолжени поведе Работнички, а Пелистер бркаше резултат, за на 90 секунди пред крајот израмни на 100:100. На крајот Казарновски со две погодени слободни фрлање избори второ продолжение 104:104.Второто продолжение Работнички го одигра добро, а постигнаа 8 коша, а Пелистер нути еден 104:112, а оваа разлика “пелистерци“ не можеа да ја стигнат, за на крај да биде 110:115.Најефикасни во домашниот табор беа Зекири со 28, Мекиќ со 25 и Думиќ со 22 поени, а кај Работнички Лесколт со 43 поени.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »