Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа ги започна завршните подготовки во Србија

Војводина – Еурофарм Пелистер 23:27 (11:15)

Еурофарм Пелистер во првиот контролен натпревар во Врбас, во рамките на завршните подготовки пред статот на пролетниот дел и натпреварот против екипата на Нексе од СЕХА лигата, го совлада тимот на Војводина, со резултат 23:27, полувреме 11:15.

Екипата на Еурофарм Пелистер уште на почетокот на натпреварот ја покажа својата надможност, се наметна во играта и започна да ја зголемува разликата, а со истиот стил избраниците на Жељко Бабиќ, продолжија и во вториот дел.

Еурофарм Пелистер на подготовки во Србија ќе биде и следната седмица, од каде патува за Хрватска, а следен противник ќе им биде тимот на Спартак Суботица. 

More from СпортMore posts in Спорт »