Press "Enter" to skip to content

Горан Думевски – Панчо втор на турнирот во билијард во “10-ка“ и втор во генерален пласман

На 25 и 26 јануари во “Гран клуб“ во Скопје се одржа вториот турнир во “амерички пул билјард“, дисциплина 10-ка, а се одигра во рамките на Државното првенство. На турнирот билијард клубот Лонгони од Битола настапи со шест играчи.

Тројца битолчани беа доста успешни, а најдобар пласман и остави силен впечаток на турнирот, Горан Думевски – Панчо кој го освои второто место. Со освоеното петто место од првиот турнир изби на второто место во генералниот пласман во “амерички пул билјард“, дисциплина 10-ка.

Илија Трајковски – Илче играше полуфинале, а во генерален пласман е на третото место.

Костантин Бојаџиев – Тино, кој по подолго време повторно е актуелен и го освои петтото место. 

-Ако се земе предвид дека првото место е “резервирано“ за Сипкоски, тогаш второто и третото место на битолските играчи во генерален пласман, а секако и одличните пласмани на турнирите не само  во “амерички пул билјард“, дисциплина 10-ка, туку и во дригите дисциплини битолските играчи уште повеќе “добиваат на тежина“, велат од билијард клубот Лонгони.

More from СпортMore posts in Спорт »