СЕХА лигата ги одреди термините за одигрување на осминафиналните натпревари сезонава, кои се квалификациони, а ќе се играат по два натпревари.
Еурофарм Пелистер гостува во првиот натпревар против Нексе Нашице, а е закажан за сабота, на 1 февруари во 15:00 часот.
Реваншот е закажан за среда, 12 февруари во 20:15 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.
Победникот од овој двомеч ќе игра со екипата на Вардар во четвртфиналето.






