Press "Enter" to skip to content

Скијачите и бордерите со медали од Копаоник и Маврово и со нови инструктори (фото)

Викендов кој измина скијачите и ски бордерите на ски клубот Пелистер имаа свои настапи на трките на патеките во Маврово и Копаоник, но не мируваа ни членовите на стручниот штаб.Скијачите на Пелистер викендов имаа натпревар, учествуваа на Алпскиот куп на Македонија, или популарната “Мавровска ноќна снегулка“, трки во слалом и велеслалом каде настапивме со тројца натпреварувачи. Убедливо најдобра во слалом и велеслалом во категорија У-14 и освоени две први места беше Ева Милевска. Милевска има трето најдобро време со сите категории. На патеката се појавија и деботираа на едно вакво натпреварување и Ана Дабиќ и Христијан Мицевски.На ски-борд патеките на  Копаоник се одржа меѓународен ФИС натпреварот за сноуборд за деца каде учество зедоа и ски-бордерите на Пелистер. Тројцата битолски, млади ски-бордери се закитија со медали, а злато во своите категории освоија Андреј Мушуланов
и Евгениј Ристевски, а сребрен медал освои Анамари Мушуланова.  Евгениј на трката има второ најдобро време во сите категории.Викендов се одржа и семинар за инструктори за снежни спортови, а ски клубот Пелистер пријави четворица, кои се стекнаа со 4 сертификати за работа за скијачки спортови. Нови инструктори или тренери се Антон Симјановски, Марјан Нашоку, Лидија Симјановска и
 Александар Наумовски, кои успешно ги поминаа и теоретскиот и практичниот дел. Полагањето беше во организација на скијачка федерација и на македонска асоцијација на инструктори за снежни спортови.-Одличен викенд за ски-клубот Пелистер во секој поглед. Освоивме медали во време кога нема снег и буквално трчаме од патека на патека каде има снег да тренираме. Мора да им честитам на освојувачите на медали на Милевска и “нинџите Мушуланови-Ристевски“, но и на дебитантите кои имаа добри трки. Секако и тренерите кои имаат сега и сертификати за работа, кои покажуваат дека полека се екипираме на сите полиња, а за в година ќе пријавиме и други лица. Морам да ја пофалам иницијативата на федерацијата за тренинг на Маврово, а мора да се размислува за дополнување на снегот со топови за вештачки снег, за да не дојдеме како годинава да нема каде да тренираме и да организираме трки, вели претседателот на ски-клубот Пелистер, Науме Симјановски.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »