Велосипедскиот клуб Пелистер 15 мај од Битола, синоќа во Велес, каде беше прогласувањето на најдобрите, направи убав спортски гест, кој беше неочекуван од присутните, но беше награден со голем аплауз.
Велосипедскиот клуб Пелистер 15 мај, на Благој Марковски од Велес, му врачи плакета за успесите кои ги имаше на меѓународните трки, настапувајќи во зелено-белиот дрес на Пелистер.
-Благој возеше за нас на неколку балкански трки, на кои имаше одлични успеси. Ние не можеме да ги плаѓаме велосипедистите при трансфери, како фудбалерите или ракометарите, кај нас тоа е бесплатно. Па токму затоа на ваков начин на Благој Марковски му се заблагодаривме, јавно пред сите во неговиот град, Велес, рече Африм Јусуфи, тренер на Пелистер 15 мај.
С.Р.






