Во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола беше оржана презентација на резултатите од спроведената Студија “HBSC“, однесувања поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст (11-15 год.) за 2018 година, на која учествуваа претставници на повеќе основни и средни училишта од Битола и регионот.
Студијата ги проучува улогата на семеството, врсниците, училиштето, културата и заедницата во градењето на здрави животни стилови, односно физичкото, менталното, социјалното здравје, слободното време, хроничните болести, насилството, како и влијанието на семејството, врсниците, културата и новите технологии врз однесувањето на децата.
Увид во актуалните состојби на детското здравје, во конректни животни услови, компаративно (меѓународно) анализирани со земји, како и следење на состојбите долж подолг период на време, секоја четврта година, преку методот: примена на стриктен протокол за задавање и обработка на податоците, со регулирање на учеството и придонесот на земјите членки во нејзиниот развој и одржливост.
Природа – социолошка студија, со сеопфатен пристап кон здравјето и факторите на влијанија врз здравствените навики и однесувања на децата наспроти епидемиолошкиот пристап. Се задава во циклуси од 4 години, на ученици од 11, 13 и 15 години, во се поголем број земји (48 земји) од Европа, С.Америка, Канада и др.
Концепт за здравје – се потпира на позитивните социолошки и психолошки теории за здравјето како ресурс и квалитет на животот, како целина од физичко, ментално, социјално и духовно здравје, наспроти медицински модел според кој здравјето е отсуство на болест.
Во моментот (циклус 2018) учество на 300.000 ученици од 48 земји, а во секоја земја има истражувачки тим кој е одговорен и раководи со спроведувањето на активностите. Кај нас истражувањето го реализира Центарот за психосоцијална и кризна акција од Скопје во соработка со Институтот за јавно здравје и поддршка на Министерството за образование и наука.
Инаку, студијата “HBSC“ е основана во 1983 од истражувачи на три земји, како лонгитудинално меѓународно истражување, со Македонија, како полноправна членка во 2002 год.
Ж.Ристевска






