Press "Enter" to skip to content

Д-р Зоран Лазаров во пензија, д-р Билјана Гагачовска директор на болницата

Д-р Билјана Гагачовска спец. психијатар нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Битола откако д-р Зоран Лазаров замина во пензија. 

Гагачовска на директорското место доаѓа од местото раководител на одделението за ментално здравје на деца и млади при Клиничката болница.

Д-р Билјана Гагачовска средно обрзование завршила во гимназија “Јодис Броз – Тито“ во Битола, а по дипломирањето нафакултет по медицина на медицински универзитет Пловдив во Бугарија. Специјализирала психијатрија на Универзитетската клиника по психијатрија на Медицински Факултет во Скопје.

Во нејзиното си-ви стои уште и дека има едукација за детска и адолесцентна психијатрија на УК по детска и адолесцентна психијатрија при Универзитетскиот Клинички Центар ЧЕРЕПАША Истанбул Република Турција, дукација за дијагностика и третман на лица со аутизам на УК по педијатрија при УКЦ во Љубљана, а субспецијализација по детска и адолесцентна психијатрија на УК по психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.

Гагачевска била основач на “Хармонија Медика“.