Деновиве завршија полагањата обучувачи за возрасни кој ги организира Занаетчиската комора заедно со Центарот за обука на возрасни “Политехничка академија“ од Битола, а финансирана од Министерството за економија. Меѓу кандидатите кои добија сертификати за стручна оспособеност обучувачи за занаети е Саше Богоевски, сопстеник на продукцијата “Креатив“.
За добиенито сертификат и што понатаму Богоевски вели:
-Обука и сертификат за фото и видео, односно дозвола за да во иднината обучувам идни кандидати ја поминав само јас и сега сум единствен во регионот. Имавме добра обука за да можеме во иднина нашето знаење и искуство да го пренесеме на младите или пак возрасните кои ќе сакаат да се занимаваат со фото и видео. Тоа и беше целта на обуката, зачувување на занаетите. Сега можам да одржувам обуки за занаетчии во околните градови, односно на кандидати од занаетчиските комори кои се членки на Регионалната занаетчиска комора.
Во ова време на висока технологија гледаме дека фотографиите и видеата се многу популарни кај сите, младите и возрасните. Вљубеник во фотографија, го запрашавме како денес може да се живее од тоа:
-Оние кои имаат некои познавања од фото и видео или пак кои сакаат во иднина да се занимаат со овој занает, кандидатите, идната обука која би ја посетувале би им овозможила да се оспособат за работа и работни задачи, а потоа и за нивно ново усовршување. Квалитетот на обуката кој ќе и го пренесеме преку теоретските и практичните часови, ќе им даде и дополнителна мотивација за планирање на новото работно место. Или како рековте, да имаат занает кој ќе го работаат, и од него ќе живеат. Со оглед на тоа како и во која насока ќе се одвива развојот на занаетите, овој занает има своја иднина.
Инаку, Саше Богоевски, има работено во локаните телевии како снимател и монтажер, имал своја интернет страница, а сега е ангажиран од ТВ “Сител“, соработува со “Bitolanews“, сопственик на продукцијата “Креатив“ со која има голем број на ангажмани и има изработено видео приказни, документарни филмови, рекламни прилози… а ова големо искуство од сега ќе им го пренесува и на идните млади занаетчии.
С.Ристевски






