Согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола на 23.12.2019 година, Ве известуваме дека, денес 31.01.2020 јавниот градски превоз е бесплатен.
Известувањето е објавено на веб страната на Општина Битола и е проследено до медиумите.
На автобусите ќе бидат истакнати табли дека провозот е бесплатен.






