Press "Enter" to skip to content

Кугларите со очекувана победа, младите кугларки загубија од машка екипа, но имаа најдобар успех досега

Пелистер (м) – ТГЦ (ж) 8:0

18 Август (м) – Пелистер T&С холдинг 5:3

Двете екипи на кугларскиот клуб Пелистер куглаа во редовното коло од кугларската лига. Машката екипа играше против женската екипа на ГТЦ, а женската екипа играше во Скопје, против машката екипа на 18 Август од Скопје.

Машката екипа на Пелистер, очекувано, победи со 8:0 против екипата на ГТЦ (ж). За истакнување беа два резултати по 560 на Пецо Димовски и Тоде Ристевски и два поени на јуниорите кои добија прилика да одиграат на овој натпревар и да го добиваат потребното искуство.Женската екипа загуби со 3:5 од екипата на 18 Авгсут, но тоа е нашиот најголем успех на кугларките кога играле со  машка екипа. По втор пат последователно поен зеде капитенот Емилија Переска со многу зрела игра, а другите два поени ги зедоа Михаела Ристеска во драматичен финиш и Ивана Трајковска. Иако просекот на девојки е само 15 години, покажаа зрелост и со далеку поискусните машки куглари, нивни противници.

More from СпортMore posts in Спорт »