Жељко Бабиќ новиот тренер на Еурофарм Пелистер со пораз ја започна тренерската работа со тимот, а победата, на официјалната прес-конференција им ја честита на противникот, но искажа и верба дека неговиот тим ќе игра подобро на реваншот во Битола.
-Заслужена победа на Нексе, домаќинот одигра одличен натпревар и беше подобриот противник. Натпреварот беше полн со многу пресврти, но сè уште мислам дека можеме подобро од ова. Игравме добро во одбраната, но не и во нападот, рече Бабиќ, кој не пропушти да им се заблагодарам на ракометарите за борбениот настап во Нашице.
Михаил Петровски, ракометар на Еурофарм Пелистер, на официјалниот прес рече:
-Еден тежок, тесен меч. Бевме статични во нападот со многу загубени топки, грешки. Како и да е, можам да кажам дека резултатот е добар за нас и сè ќе биде одлучено на возвратната пресметка во Битола.
Реваншот во Битола е закажан за на 12 февруари со почеток од 20:15 часот, а победникот од двата натпревари ќе игра против екипата на Вардар, победник во ланскиот циклус на СЕХА лигата, а за очекувањата од тој натпревар тренерот на хрватската екипа, Хрвоје Хорват, рече.
-Првото полувреме од двомечот е готово, а двете екипи имаат шанса да одат понатаму. Јасно е дека ќе се обидеме да понудиме посигурен перформанс на вториот дуел. Имаме респект кон македонската екипа која ја води Бабиќ, а знаејќи го залогот не требаше да сè очекува натпревар кој е убав за око. Мораме да се подготвиме, бидејќи Еурофарм ќе биде многу поагресивен дома.






