На осмиот по ред “Глобал Гејмџем“ и во Битола, кој се одржа традиционално на последниот викенд во јануари, имаше многу повеќе луѓе отколку што планиравме, повеќе од 70 учесници, кои работеа во 17 тимови, кои направија исто толку игри во прототип.
Најмладиот учесник имаше 9 години, најстариот 46 години, а сите работеа со расправии, помош, истурени кафиња, лутење, помирување, муабети за доцна навечер, но и многу нови работи се научија.
Според резултатите од гласањето победници се тимот на ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола што направија текстуална авантура со локален, Битолски шмек, а понебија со вкупно 87 гласови.
Второ пласирани се тимот на “Пајчиња“ составен од 3 ветерани на Гејмџем кои веќе професионално работат. Направија интересна игра за двајца играчи кои се трудат да си го поправат пријателството во Unity, а освоија 83 гласа.
“СОБА 208“ со 64 гласови е третопласиран, а ова беше тим составен од ветерани на Гејмџем, но и млади дечки-почетници. Тие направија интересна игра за двајца играчи во “Unreal“ со комплетно авторска графика.
Македонската асоцијација за развивање на игри “МАГДА“, организатор на “Глобал Гејмџем“ сите игри ќе ги аплоадираа на веб сајтот на “Гејмџем“ и истакнува дека локалната организација на “Гејмџем“ во Битола изненади со бројот на пријавени и учесници и секако од постигнатите резултати.






