Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес: Мирјана Планчак, професор по географија (фотогалерија)

Воспитувањето и образованието започнува во школските клупи, стекнување знаења, социјализацијата и дооформување на карактерот. Од 6 година детето продолжува во училиштето со врсниците и  интеракцијата наставник – ученик. За улогата на наставникот порано и денес поразговаравме  со професорката по географија, Мирјана Планчак, во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ и во средното “Таки Даскало“,  која од своето повеќе годишно искуство ни ги кажа своите видувања околу оваа тема.За наставникот некогаш и денес

-За една толкава временска дистанца од 20 -30 години период секако постои разлика и тоа голема. Тогаш беа други времиња “помирни времиња“ како што јас ги нарекувам. Немаше компјутери, смарт табли, односно модерна техологија и се разбира смарт телефони и кога наставникот и учениците беа посветени многу повеќе едни кон други. Време без компјутеризација кога наставниокот држеше традиционален тип на настава кога наставникот предава, учениците слушаат. На часот имаше поголема дисциплина и концентрација, работни навики бидејќи ги немаа мобилните телефони кои им го одвелекуваат вниманието. Учениците поседуваа одлични знаења и тие генерации ми се во добри сеќавања како многу успешни ученици, да не ми замерат овие денешните кои пак се многу самосвесни и отворени. Исто така и почитувањето беше многу поголемо . Можаби заради тоа што наставникот беше понедостапен, особено за неформална комуникација. Имено традиционалните наставници, професори кои бараа строга дисциплина на часот “мува да помине да се слушне“, заради тоа и постоеше поголема стравопочит. Со воведување на посовремен вид на настава кога наставникот користи и други методи на работа во групи, проектни активности комуникациајта на часовите стана поотворена и учениците многу отворени и храбри во изнесување на сопствени мислења.Воведување на модерна техноилогија компјутери, смарт табли во наставата

-Ерата на компјутеризација воведе во наставата една модерен тек на настава и чекор напред како помош на учениците во наставниот процес. Во тоа време пред околу 15 години учениците ја прифатија со голем ентузијам . Учениците знам во тој период многу посетуваа курсеви за компјутери и учеа вештини за работа со компјутери. Мое мислење е дека релацијата наставник -ученик доби поинаква димензија.  Сега новата технологија стана позначајна и поинтересна. потполно ги има окупирано децата со тоа што тие имаат многу „инстант“ брзи нформации кои ги добиваат, но тие исчезнуваат исто така многу брзо. Се е побрзо. Интернетот дава богата форма на содржини, слики, фотографии, видеа…, а со самото тоа и учебниците не им се многу интересни, сигурно им изгледаат некако “старомодно“.Мобилни телефони, интернет и социјални мрежи…

-Со поголемо време поминато со својот мобилен, смарт телефон после училиште дома, тие и немаат многу време да посветат на  учењето..Сето ова влијае на учењето и запомнување на материјалот. Мое видување е дека помнењето и зачувување на наученото е на многу ниско ниво, заради учење без размислување. Можеби заради ова многу ниски резултати на тестирањата што ги покажуваат нашите ученици на светско ниво. Знаењата на учениците би требало да бидат поголеми од оние порано, бидејќи информираноста е поголема и достапна На Интернет можат да добијат многу информации и  идеи. Не мора многу да мислат што се вели.  Не се  развива  критичко мислење, креативно мислење, фантазирање. Сметам дека улогата на наставникот денес е правилно да го насочиме во светот на новите техмнологии. Да ги користат нивните позитивни страни однсно  тие да бидат орудие во нивни раце со кое ќе ги зголемуваат информациите, знаењата, комуникациата… Тоа може  секој наставник од свој аспект на предмет што го предава да ги искористи енормниот број на податоци. Еве конкретно за мојот предмет географија учениците  можат  да најдат скоро се на Интернет информации со слики, видеа со планети, да следат видео снимки на НАСА од вселената.Улога на наставникот денес…

-Би истакнала дека наставникот денес е се подостапен за учерниците и родителите. Ја нема онаа бариера која постоеше кај традиционалниот тип настваник кога не можаше и да помислиш да го прашаш отворено за различни теми, Денес наставникот е се повеќе во улога на воспитувач, педагог и психолог. Тој   се поблизок до учениците и нивните проблеми. Секојдневно поминувајчи по некоклу часа во неделата тој е оној кој најдобро може да ги процени карактерните особини на личноста на ученикот и можаби прв да ги почуствува и открие диемите и проблемите кои го мачат ученикот.  Правилно да ги процени способностите и интересите кај ученикот. Да им пружи поддршка кога е потребно. Заради ова би требало професијата наставник да се почитува повеќе. Се започнува во школските клупи социјализацијата и дооформување  на карактерот од 6 година продолжува во училиштето со врсниците и  интеракцијата наставник – ученик.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »