Press "Enter" to skip to content

75 години настава на македонски литературен јазик во СОУ Гимназија „Јосипи Броз Тито“ (фото)

Годинава Гимназијата  „Јосип Броз Тито“-Битола одбележува јубилеј 75 години настава на македонски литературен  јазик.  Одбележувањето на јубилејот започна на 5 февруари 2020г., во Центарот за култура, Мала сала, во 16 часот, со организирана програма на ораторскиот клуб Анима 3, под менторство на м-р проф. Даниела Петровска.Програмата го носи насловот Женски муабети во Горната гимназија.  Целта на овој прокет е да го долови современиот општествено-лингвистички дискурс на младите луѓе што денеска минуваат низ клупите не само низ нашата Гимназија, туку целосно низ државата.  На креативен, луциден и сосема оригинален пристап се доловува социолектот, жаргонот, неоправданото користење на туѓите зборови во различни животни и образовни средини и ситуации.  При тоа целта е преку хумор, но и сатира да се укаже и да се поучи на грешките во говорните ситуации. Пораката на ораторскиот клуб Анима 3, за сите нас, не само за учениците, е дека јазикот е наша легитимација пред себе и пред светот.  Само со почитување на ортографијата и ортоепијата ќе излеземе од сите кризи на македонскиот јазичен идентитет.  Генерациите, сегашни и идни, треба да сфатат дека Македонците се граѓани на светот преку својот јазик и духовната култура што се создава преку него и со него.

М-р проф. Даниела Петровска