По повод 75 години од почетокот на наставата на македонски јазик во државата, која започнала во битолската гимназија “Јосип Броз Тито“, АД ЕСМ го честиташе јубилејот со донација за подобрување на условите за учење и работа во еден дел од објектот на ова значајно средно училиште во градот.
–АД ЕСМ реновираше по современи стандарди и целосно опреми една училница во гимназијата. Свесни сме дека со нашиот зафат оплеменивме само еден сосема мал дел од ова култно место за битолчани, но се надевам дека нашите активности во горната гимназија во Битола ќе бидат мотив и други компании од градов и земјата да помогнат. Гимназијата Јосип Броз Тито со својата историја и со своето значење за земјава, не задолжила и сите треба да и се оддолжиме, како поединци и како заедница-рече генералниот директор на ЕСМ, м-р Васко Ковачевски.
–Со над 700.000 денари променета е електричната инсталација во просторијата, спуштен е таванот, инсталирано е ново осветлување, променет е подот, реставрирана е влезната врата, набавени се нови клупи и столчиња за ученциите и професорот, шкафчиња за чување на лични предмети, телевизор и прочистувач за воздух… Накратко, се обидовме да направиме училница по европски терк во 138 години стар објект, рече Ковачевски.
Директорката на гимназијата, Фанија Наумовска, заблагодарувајќи се за донацијата, потенцираше дека со децении наназад од училишните клупи на гимназијата излегувале значајни општествени личности.
-Благодарност до АД ЕСМ и РЕК Битола, кои први ни излегоа во пресрет на нашите апели и обраќања кои ги испраќавме кон заедницата, и се надеваме дека ова ќе ги поттикне и другите чинители да го следат примерот кон оваа значајна образовна установ, која толку придонела во градот и пошироко, рече директорката Наумовска.
Објектот во кој е сместена гимназијата Јосип Броз Тито во Битола е споменик на културата на Република Северна Македонија. Со својата богата фасадна декорација, овој објект е еден од најрепрезентативните примери на јавни монументални градби не само во Битола, туку и на територијата на цела држава.

ЕСМ реновираше и целосно опреми училница во Горната гимназија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





