Денес “ПРЕДА Плус“ фондација го организира четвртиот проектен состанок на 6 партнери од проектот “EMPLOYOUTH“, финансиран од Интерег ИПА Програмата за соработка со Грција.
Состанокот се одржа на Факултетот за ИКТ – Битола и ги сумираше резултатите од проектните активности во изминтата година и пол.
“ПРЕДА Плус“ заедно со своите соработници во 2019 година, преку иницијативата #ИодБитолаСеМожи максимално се обидуваше да го размрда заспаниот Пелагонски регион преку креирање на нов екосистем на стартапи и обезбедување на поддршка на претприемништвото надвор од скопската сцена. 2019 беше година кога се трудевме да го промениме фокусот на јавноста кон исклучителни, но во исто време и реални индивидуалци чии што професионални и животни приказни инспирираат позитивни размислувања.
Изминатата 2019 година ја завршуваме со следното: *2 акцелераторски програми каде се креираа вкупно 25 бизнис идеи *обезбедени 17 ментори и бизнис консултанти за поддршка на новите стартапи *10 мотивирачки настани #ИодБитолаСеМожи на кои продефилираа еминентни имиња од македонската претприемачка сцена *1 стартап направи платформа на која до денес се истргуваа 7 мил $, *5 стартапи лансираа бизнис *2 стартапи веќе користат други финасиски инструменти за поддршка и развој *1 стартап влезе во фаза 2 а има 5000 корисници *2 стартапи планираат да лансираат во 2020 *5 учесници од нашите програми започнаа корпоративна кариера во други компании.

“ПРЕДА Плус“ фондација организира проектен состанок на 6 партнери од проектот “EMPLOYOUTH“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





