-Сојузот на спортови на Битола или поранешна СОФКА вечерва по 55 пат ќе ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2019 година, па затоа ќе се осврнам на најдобрите пред 10 години односно во 2009 година, ги започна своите сеќавања Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
-Спортист на Битола за 2009 година беше Гордана Цветковска – Бошевска, која во 2009 година имаше одлични настапи во дресот на македонската репрезентација и освои медали на европски и светски првенства, вели Миновски.
Тогаш, се присеќава Миновски, се рангирале и младинците, а Сојузот за најдобар го прогласил Кристијан Илиевски, мотокросист на мото клубот Пелистер.
-Наградите го додели тогашниот претседател на Сојузот на спортови на Битола, Силјан Мицевски, а прогласувањето се одржа во хотелот “Епинал“, вели Миновски.
Доделени беа и посебни награди, а за најдобар сениорски тим беше РК Пелистер, а за најдобар младински тим беше ФК Пелистер.
-Некако тие години во подем беа поединечните спортови, а спортист на Битола неколку години беше Пеце Котевски-билдер и Гордана Цветковски-кунг-фу, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: Гордана Цветковска-Бошевска спортист на Битола за 2009 (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





