Јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве ќе започне со изведба на приклучоци на колекторот на мешовита канализација од Пречистителната станица, која се наоѓа над старата живинарска фарма кај село Дихово, па се до трафостаницата во селото Трново.
Поради ова од претпријатието ги повикуваат сопствениците на околните изградени и неизградени катастарски парцели на овој потег, кој се во директна близина на колекторот, да се јават во техничката служба на “Нискогардба“, заради законската обврска за приклучување на колекторот.






