Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ промовиран во џудо Мајстор 6-ти дан, највисоко звање во Македонија

Денес во Белград на официјалното полагање за мајсторски појаси во џудо – данови Ѓуро Илиќ од џудо клубот Пелистер од Битола беше промовиран во Мајстор шести дан, највисоко мајсторско звање во нашата држава.-Ова требаше да се случи порано, но беше одложено, а сега веќе ја имам титулата Мајстор – шести дан, што е големо признание за мене и мојата долгогодишна кариера која ја имам како џудост, џудо-тренер, основач на наголем број на клубови во државата, вели Илиќ, во јавувањето од Белград.Ѓуро Илиќ додава дека покрај честа ова е и голема обврска, а во наредниот период покрај во државата ќе има и голем број на предавања и семинари и надвор од државата.

More from СпортMore posts in Спорт »