Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Младост, амбасадори на битолскиот младински спорт (фото)

Екипата на кошаркарскиот клуб Младост во неделата на 16 февруари одигра 4 пријателски натпревари со екипи од Птолемаида, Грција и тоа со генерација машки родени 2007/08, женски родени 2007/08 и микс машки-женски родени 2010/12 година.Екипата на Младост одлично помина на оваа еднодневна меѓународна турнеа и победи на три натпреари, а доживеа и еден пораз.-Ваквите гостувања во блиските градови во соседните држави, како во случајот Грција, се предвидени во нашата програма за работа на нашиот клуб со помалите категории. Покрај тоа што можеме да видиме до каде сме со квалитетот во споредба со клубови кои имаат вакви категории во соседството, децата-млади кошаркари, стекнуваат и искуство во кошарката, а секако тука е и тоа што се заедно со врсниците. Од резултатот сум презадоволен, но на вакви турнири секогаш тоа е во втор план, вели Горјан Стојановски, тренер на КК Младост.

КК младост ги покани екипите од Птоплемаида да бидат гости во Битола, и тоа на традиционалниот, Велигденскиот турнир, кој ќе се одржи на 11-12 април 2020 година, а Младост со гомемиот број на реализирани меѓународни натпревари со право може да се нарече амбасадор на битоскиот младински спорт.

More from СпортMore posts in Спорт »