Press "Enter" to skip to content

Фото вест: дечињата од Заводот “Кочо Рацин“ имаа час по превентива

Денес, Отсекот за превенција на СВР Битола го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин“ во Битола, каде остварија средба раководниот кадар и вработените.
На големо задоволство на дечињата од заводот им одржаа предавање во рамките на нивните активни проекти на тема “да ги заштитиме децата во сообраќајот“, безбедност во сообраќајот, заштита од кражби, насилство помеѓу децата и многу други превентивни мерки за заштита.
На истите им беа поделени и флуоресцентни елечиња, заради нивно безбедно движење во сообраќајот.
 
Сања Стаматова