Вечерва со “Center Lounge&fresh bar“ во Битола, на Широк Сокак се одржа настан кој го промовира “Innotech Club“ проектот и беше наменет за иновативни лидери и менаџери, основачи на стартапи, HR професионалци, инвеститори и бизнис ангели, студенти и љубопитни слуштели кои ги интересира патеката на иновативноста, кои ги имаше во голем број.
Пред присутните наставот го отвори Верица Јорданова од “Иновативност“ која рече дека присутните ќе се инспирираат од реалните примери кои луѓето кои водат иновативни бизниси ќе ги споделат со вас, ќе имаат шанса да прашуваат и да научат нешта кои ќе ги охрабарат да започнете можеби и свој бизнис и на крај ќе запознаат нови личности кои можеби ќе им помогнат да ги реализираат соништата.
Говорник од Битола беше Димче Поповски, сопственик а македонската компанијата “ДАКА Холдинг“ која е 3-та деценија на нашиот пазар и на “МИКРОДЕЛ“ која е регосѕриран и работи во Берлин, Германија, која постои само две години, а веќе пласира две иновации кои ги освојуваат светските пазари.
-Една од двете иновации е прва во светот по сите карактеристики, а темпотото со кое во моментот се работи на нови решенија најавува иднина исполнета со предизвици кои немаат граници, како што се впрочем и интелектуалните капацитети на неговиот тим составен од експерти од различни области. Последно нашиот тим работеше на проектот “smart elevator display”, рече Поповски, кој се задржа и почетоците на компанијата која ја има основано неговиот татко, кој и на 72 години е дел од тимот.
-Сакам да ги охрабрам младите кои сакаат да почнуваат бизнис, да не се колебаат, тоа да го започнат тука, дома, а потоа ако се успепни ќе им се отворат вратите на светскиот бизнис. Секако дека постои ризик, но беа ризик нема напредок. Не знам кој се и каде во светот можеби стотина компании работат на оваа проблематика која и ние ја работиме, но се трудиме да бидеме најдобри и успеваме во тоа, рече Димче Поповски, кој како голем мотиватор ги охрабри присутните да се интересираат со поставување на прашања до него и до останатите говорници, бидејќи како рече тоа е привилегија на оваа генерација, која ја немале тие, бидејќи со современите средства на комуникација сега се е полесно, но да се слушне за нечие искуство како до успехот е привилегија, која младите бизнисмени мораат постојани да ја користат.
Друг говорник од Битола беше Димитар Бошевски , раководител на “Microsoft“ одделот во “Интерворкс“, а истовремено и Технички Архитект со повеќе од 14 години искуство. Тој зборуваше коко тој го гледа лидерот на тимот и верува во тимска работа.
-За мене работењето во тим со професионалци е задоволство и можност за развој. Уживам да го споделувам моето знаење со другите членови на тимот во пријателска атмосфера, рече Бошевски.
Третиот говорник на нашиот настан беше Жарко Качаков, директор на сектор Развој, во “ВИТАМИНКА“, Прилеп, магистер на технички науки, машинство е неговата специјалност. До 2012 година своето знаење го примени во “Микросам“, а од 2013 доаѓа во водечката компанија во индустријата за храна “ВИТАМИНКА“, работејќи на иновации поврзани со имплементирање на нови технологии, водење на внатрешни инфраструктурни проекти кои имаат футуристички пристап од аспект на енергетска ефикасност и state of art технички солуции со што директно е поврзан со развој кој ја носи компанијата чекор пред другите.
Модератор на настанот и пи-ар на проектот “Innotech Club“ проектот е Љубица Ангелкова.
Текст и фото: С.Ристевски






