Press "Enter" to skip to content

Кадетските на ЖФК Топ гол на “Куп на карневалот“ во Струмица

Топ гол – Јантра 0:0

Кадетската женска фудбалска екипа на Топ гол овој викенд учествуваат на меѓународниот фудбалски турнир “Куп на Карневалот“ во Струмица.

За Топ гол ова е трето учество на овој турнир и оваа година поради временските услови екипите се натпреваруваат во мал фудбал во спортска сала.

Во воведниот натпревар битолчанки одиграа нерешено со резултат 0:0 против своите врснички од екипата на ЖФК Јантра од Бугарија, а денес екипата на Топ гол ја очекува уште еден натпревар против екипата на ЖФК Астрион исто така од Бугарија.

Во неделната програма се натпреварите во разигрување по групи и финалните натпревари.

-Ова е огромно меѓународно искуство за младите девојки, со нашите противници сме и добро пријатели со кои сме играле на минатите турнири кај нас и во Бугарија. На турнирот играме многу натпревари кои ќе ни бидат добра основа и за првенството, изјави Кире Грбевски, тренерот на Топ гол.

More from СпортMore posts in Спорт »