На состанокот министерот за внатрешни Наќе Чулевбеше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето кое го опфаќа секторот за внатрешни работи.
Од страна на актуелното раководство на секторот беа презентирани последните статистичките податоци за криминалитетот кои бележат тенденција на опаѓање.
Министерот Чулев потенцираше дека секторот за внатрешни работи Битола и одделение кои се во негова надлежност треба интензивно да работат на подобрување на состојбата во оние сегменти на полициско делување каде се детектирани слабости.
Организирањето и спроведување на фер и демократски избори со посебен осврт на детектирање на активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес, се фокусот на кој полицските службеници треба да работат престојниот период. Во таа насока потребно е да се преземаат интензивни активности кои ќе бидат насочени пред се во делот на спречување и превенирање поткуп и останати форми на притисок и заплашување на гласачи, потенцираше Чулев.
Тој информираше за моменталната ситуација со пасошите, односно дека Комисијата продолжува со работа, а првата пратка со патни исправи се очекува да пристигне пред 24 март и рече:
-На дводневна основа се разгледуваат сите барања за приоритетно издавање, се прави селекција, на сите граѓани за кои Комисијата одлучила дека имаат приоритет во издавање патни исправи уште наредниот ден им се издаваат, а сите оние кои не ги исполнуваат строгите услови кои ги пропишала Комисијата се оставаат настрана, но тие ќе имаат приоритет, веднаш после пристигнување на првата пратка веднаш нив ќе им бидат издадени.






