Експресно распродадениот прв, а потоа втор концерт на групата “Фрајле“ кој требаше утре да се одржат во Центарот за култура во Битола, поради одлуката на Владата се одложени, но членките на позната група “Фрајле“, како вистински професионалци, дојдоа во Битола, како што беше договорено.
-Групата е во Битола, онака како и што се договоривме, но ние согласно одлуката на Владата ги одложивме двата концерто во Битола за 3 април. Сами гледате дека тие се професионалци во секој поглед и во Битола дојдоа ден порано, како беше договорено, за да имаме концерти за паметење. И ним им е жал за одлагањето на концертите, бидејќи знаеја каков е интересот на битолчани и како се распродадоа картите, вели Маја Андоновска -Илиевски, директор на Центарот за култура кој е организарот на концертите.
За да се чувствуваат убаво во Битола, се погрижи сопственикот на вино-бар “Буре“, Мичо Симоновски, кој вели дека ќе потрудат вечерва, во една опуштена атмосфера, гостинките да уживаат во музиката на групата “Калабалак“ и во убавата храна.

Концертот откажан, но “Фрајле“ како вистински професионалци дојдоа во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





