Press "Enter" to skip to content

Јубилејна 10. по ред “Бон Вивант“, ноќ на вино и пријатели на Лајонс Клубот “Кабадаја“ (фотогалерија)

Посебни благодарници добија хотел “Епинал“, винарија “Далвина“, порталот “Bitolanews“ и Елизабета Србиновска – Костовска, гувернер за фискалната година 2019/20 во Дистихт 132.Синоќа во свечената сала на хотел “Епинал“, Бон Вивант или вечер со вино и пријатели  организирана од Лајонс Клубот “Кабадаја“, настан кој има хуманитарен  карактер и се одржува по 10. јубилеен пат и претставува еден од значајните настани во организација на клубот.На почетокот на официјалниот дел беа поздравени членовите на кабинетот на дистрихтот,  претседателката – Мими Талева,  вице-гувернер – Маријан Талев, пастгувернер – Драги Филевски и  претставници на лајонс клубови од државата и претставници на ротари клубот. Во официјалниот дел, Мими Талева, претседател на лајонс клубот “Кабадаја“, поздравувајќи ги присутните рече:-Доследни на нашата мисија и нашата општествена одговорност да и служиме на заедницата, оваа вечер е од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани. Оваа година собраните средства ќе се донираат во специјалната болница за геријатрија “Сју Рајдер“ затоа што секој човек заслужува достоинствен крај. Но, сакам и да ги поздравам сите пријатели со големо срце што се тука и кои со купување на влезниците и сами донираа.Елизабета Србиновска – Костовска, гувернер за фискалната година 2019/20 во Лајонси им се обрати на домаќините и присутните и рече:-Како гостинка на клубот “Кабадаја“ кој вечерва организира хуманитарна активност за “Сју Рајдер“ чии штитеници заслужуваа ваква помош. Ова не е мое прво доаѓање во Битола, но посебни ми е мило што сум тука на оваа препознатлива за нив хуманитарна акција со јасни определени правци. Но, ми е мило што тука се запознаваме и мило што сме повеќе, бидејќи повеќе и ќе можеме да направиме. Ќе се повторам, клубот “Кабадаја“ имаат одлични и емотивни акции и се препознатливи во нашата средина, а тоа можам да го кажам и за останатите битолски клубови.Талева и додели посебни благодарници на винарија “Далвина“, хотел “Епинал“ и Елизабета Србиновска – Костовска за посебна соработка со битолскиот клуб, а на порталот “Bitolanews“ за афирмација на сите активности кои ги имаат направено а се објавени на порталот.Инаку, “Бон Вивант“ е еден од најпознатите настани на Лајонс клубот “Кабадаја“, настан во чија организација беа вклучени и Наташа Грамосли и Марија Додовска членови на клубот.Гостите кои присуствуваат на “Бон Вивант“ низ заедничко дружење под име “ноќ на вино и пријатели“  уживаат во вината на винаријата “Далвина“ една од најмодерните нови винарии,  партнери на 10. јубилејно издание на “Бон Вивант“. Вината на винаријата „Далвина“ освоија неколку медали на  пролетното издание на “Mundus Vini’“ во Германија.Гостите уживаа и во специјалитетите од кујната на “Епинал“ со шеф Александар Видоевски и Наташа Георгиева, а за музичкиот дел се погрижи група „Гром“.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »