Пелистер Волеј – Стар Шапе 3:0 (25:09, 25:06, 25:07)
Со максимална победа од 3:0 над скопската екипа Волеј Стар Шапе пионерките на Пелистер Волеј го заверија зацртаниот план, а Пелистер Волеј со сите младински категории ќе игра 1/4 финален дуел.
Девојките одиграа супериорно и демонстрираа огромна моќ. Резултатот само е потврда за заслужениот влез во следната рунда и прво 1/4 финале за оваа генерација.
Денес предводник беше нашата репрезентативка и капитен ЕваТрпеновска која со 12 поени беше најефикасна, додека Ирина Трајковска се истакна со својот силен сервис и освои 11 поени од кои дури 10 беа ас поени.
Поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 12, Ирина Трајковска 11, Христина Трајчевска 5, Анастасија Ристевска 4, Тамара Кочанковска 4, Ирина Ташковска 3, Симона Марковска 3, Марија Ристеска 2, Викторија Наловска 2, Ана Ицковска 2 и Сара Димовска 1.
Секој нареден успех значи директен влез меѓу најдобрите четири, односно битка за медали. Први на испит се младинките, кои на 8 март играат против Весна Пробиштип, тука во Битола. Ден претходно во рамките од Првата Државна Лига на Македонија 🇲🇰 ни доаѓа Македонија Макс од Струмица.






