Пелистер – МЗТ Уни банка 83:77 (28:27, 17:16, 21:19, 21:19)
Спортска сала “Боро Чурлевски, играно без публика
Судии: Феревски, Петровиќ и Петровски.
Пелистер: Думиќ 11, Браун 13, Мекиќ 16, Голубовиќ, Зекири 26, Трсунов, Обедниковски 9, Атанасовски, Гулевски 8, Јанев, Лазаревски, Казарновски.
МЗТ Уни банка: Андоновски 9, Волкановски 10, Митевски 1, Стојановски 13, Исајловски 12, Арсиќ, Мамузиќ, Трајковски, Митевски 7, Величковски 11.
Кошаркарите на Пелистер забележаа домашна победа над екипата на МЗТ Уни банка, но потешко од очекувањата со оглед на тоа што младата гостинска екипа е убедливо последна на табелата.
Во екипата на Пелистер ги немаше Враниќ и Цветковски кои веќе не се во тимот, повредениот Пенов, а Казарновски беше цело време на клупата.
Првата четвртина резултатски изедначена 28:27 на крајот. По почетното водство на гостите Пелистер имаше водство за потоа водството да го имаа повторно гостите. Завршницата беше изедначена, се менуваа во водство двете екипи, за крај Пелистер да има еден кош предност.
Во втората четвртина по 2 минути игра Пелистер имаше +5, а во средината +7. Потоа разликата се намалуваше, за на крај да биде само +2 (45:43).
По почетното израмнување 45:45 Пелистер имаше постојано водство кое на моменти беше и +6 за крај во последната четвртина влезе во +4 (62:58).
Последната четвртина Пелистер ја отвори со серија за +9, а на средината по 5 минути игра беше +7 (72:65). На три минути до крајот беше +8 за Пелистер, а потоа и +10, за на крај да биде 83:77.
На само едно коло екипата на Пелистер се наоѓа на 7 место, без пласман во разигрувањето, со 25 бода, а останува уште да го одиграат натпреварот со Гостивар каде гостуваат.






